Највкусната Јафа торта без печење

Состојки
Фил
500 мл млеко
6 лажици брашно
5 лажици шеќер

1 лажиче екстракт од ванила
3 лажици какао крем за во темниот фил
200 г мелени ореви, 1 лажица шеќер и 6-7 лажици врело млеко за во светлиот фил
Подлога 2
околу 15 јафа кекси (ресана)
Глазура
100 г темно чоколадо
150 мл млеко
50 г путер

1 рамна лажица густин
Подлога 1
200 г дробени бисквити
50 г растопен путер
сок од 1/2 портокал
Подготовка:

1. Прво се припрема филот. Измешајте ги шеќерот и просеаното брашно, ставете ги во млекото, додадете ванила, и во тенџере загревајте со постојано мешање како кога ќе правите пудинг. Се меша додека не се згусне смесата, можи да користите и миксер. Оставете да се олади.

2. Потоа поделете го филот на 2 дела. Во едниот дел додадете 3 лажици какао крем и изматете со миксерот. Во другиот дел додадете попарени ореви претходно измешани со шеќерот. Исто изматете со миксерот. Ќе добиете еден светол и еден темен фил.

3. Потоа во кружен калап бр.24, додадете ги искршените бисквити претходно измешани со сокот од портокал и растопениот путер. Натапкајте ја убаво смесата, па нанесете го едниот фил. Наредете одозгора јафа кекси со чоколадниот дел свртен надолу, попрскајте ги со малку млеко, па одозгора нанесете го и другиот фил.

4. Подгответе ја глазурата. Растворете го густинот во ладното млеко убаво да нема грутки, додадете го чоколадото и путерот и загрејте ја смесата убаво. Mешајте додека не се соединат сите состојки и додека не се добие густина на глазура. Ако евентуално ви е прегусто, додадете малку млеко. Веднаш нанесете ја глазурата одозгора врз тортата и ставете ја во фрижидер да се зацврсти убаво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *