Највкусните банички готови за 15 минути

Овие банички со сирење можете да ги јадете за појадок, за вечера, а зошто да не и за ручек. Можете да ги послужите кога имате гости, или пак за ваша душа и за вашите најмили.
Верувајте дека сите ќе бидат воодушевени, а за нивна подготовка воопшто нема да изгубите многу време.
Потребни состојки:

-500 гр.готови кори
-1 јогурт
-4 јајца

-една чаша масло
-500 гр.сирење
Подготовка:

Изматете го сирењето со две јајца. Посолете.
Направете фил со кој ќе ги премачкувате корите. Се мати јогурт, 2 јајца и чаша масло. Малку посолете.
Корите исечете ги со нож на средина. Ќе добиете помали кори.

Земајте по една кора и по цела површина премачкајте ја со филот.
Потоа преклопете еден дел ( една третина), па преку него превртете друг дел. Ќе бобиете кора во должина околу 25, а ширина 8 сантиметри.
На еден крај ставете сирење, па преклопете, правејќи триаголник, а потоа повторно преклопете.

Постапката повторувајте ја се додека не го потрошите сирењето и корите. Ако ви остане од сирењето можете да го ставите и одозгора врз баничките.
Баничките се печат 10-15 минути на 200 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.