Највкусните крофни од рерна готови за 15 минути

Брзи и вкусни крофни, по оригинален рецепт…

СОСТОЈКИ:
70 гр путер
125 мл млеко

125 мл вода
2 јајца
1 кесичка ванилин шеќер
25 гр свеж квасев

55 гр путер за премачкување
малку сол
550 гр брашно

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Квасецот измешајте го со брашно, ванилин шеќер. Додајте јајца, вода, млеко и растопен путер, па замесете фино меко тесто. Тестото оставете го да се дуплира.
Потоа, тестото развлечете го малку подебело и со чаша вадете кругови.

Во тепсија ставете хартија за печење и премачкајте ја со растопен путер. Секоја крофна од горе намачкајте ја со путер и оставете ги во тепсијата да надојдат.
Надојдените крофни печете ги на 250 степени околу 15 минути. Врелите крофни премачкајте ги со растопен путер. Готовите крофни посипете ги со кристал шеќер и од горе ставете малку шеќер во прав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *