Највкусните крофни со павлака по рецепт на нашите баби

Состојки:
4 јајца
1 кисела павлака
16 лажици брашно




сол
1 прашок за печиво
Подготовка:




Ставете го брашното во подлабок сад, а потоа додадете го печивото, малку сол и сето убаво измешајте го. Во брашното додадете ја павлаката и изматените јајца, па добро измешајте ( како кога правите кајгана)




Во тавата за пржење налејте масло, во висина околу 1 см. Добро загрејте го, па намалете на умерена температура.




Со лажица вадете ги крофничките па пржете ги од двете страни додека убаво да заруменат.