Највкусните цимет ролнички кој децата ги обожаваат

Состојки:
400 г брашно за колачи од Жито Лукс
3 лажици шеќер
100 мл млеко

3 лажици путер
1 јајце
За фил:

3 лажици путер
5лажици цимет
200 г кафеав шеќер

Начин на подготовка:
Јајцето се мати со шеќерот и путерот, па се додава млекото. Во вака подготвената смеса се додава брашното и се замесува меко тесто. Од тестото на набрашнета површина се расукува кора во форма на правоаголник. Кората се премачкува со путерот и се попрскува со циметот и кафеавиот шеќер. Од вака подготвената кора се формира ролат кој се сече на парчиња со дебелина од 1 см.

Ролничките се редат во плех обложен со хартија за печење. Се печат во загреана рерна на 180 °С, 25 минути или додека да добијат златножолта боја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *