Најдобриот рецепт за ЦЕЛЕР во тегла

Состојки

1кг Корен од целер и зелените гранчиња
250 мл 9% алкохолен оцет

250 мл вода
20 гр сол
10гр шеќер

Оцетот, водата солата и шеќерот се варат додека не зовријат. Се остава да олади.
Коренот од целерот се чисти и се сечи на тенки кругови, па се вари во солена вода малку да омекни. Се цеди од водата и се реди во серилизирани тегли.

Помеѓу круговите од целер може да се нареди и од зелените гранчиња со листови. Теглите се полнат со течноста која што оладила, не догоре туку да има растојание 1 см од целерот до капакот за да има простор за течноста. Се прелаваат убаво да се прекријат со течност, теглите цврсто се затвараат и се остава неколку дена во ладна просторија. Потоа може да се конзумира како салата или додаток во готвењето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *