Најдобрите трикови со сода бикарбона: Секоја жена треба да ги знае!

Уште од древниот Египет, луѓето знаеле за придобивките од сода бикарбона. Денес се познати околу 300 начини на употреба, кои домаќинките ширум светот ги користат со векови. А тука ви ги претставуваме 15-те најпопуларни трикови со сода бикарбона.




Сигурно сите во домот веќе го имаат овој производ, но дали го користите за нешто друго освен за готвење? Овој разновиден и евтин прав не само што може да ви помогне да се борите против горушица и да печете пити, туку има и други одлични намени.
Овој универзален и достапен производ ќе ви помогне во домаќинството, личната хигиена, како и против несаканите штетници, а ова се неговите најчести примени:




Природен дезодоранс – одлична замена за хемиските дезодоранси. Долго време во светот се води дебата за штетноста на дезодорансите, па ова е одлична алтернатива. Можете да го измешате со неколку капки од омиленото есенцијално масло, а потоа да го растворите во вода и да го истурите во шише со распрскувач. Многу луѓе го користат во форма на пудра, па го нанесуваат на кожата со прсти или тафтери.
Убод од инсекти – ќе спречи иритација, едноставно намачкајте го на местото на каснувањето.




Горушица – ќе ве ослободи од непријатното чувство. Измешајте половина лажичка сода бикарбона со половина чаша вода и испијте ја.
Пилинг – се бори против несовршеностите на кожата како што се брчките, митесерите и дамките на кожата. Растворете голема количина сода во вода и по желба додајте го омиленото есенцијално масло и со него истријте ја кожата.




Коса – го помага растот на косата. Во пластично шише измешајте сода бикарбона и вода во сооднос 1:3. Количината може да варира во зависност од должината на косата, па ако имате долга коса, измешајте 3 лажици сода бикарбона со 9 лажици вода. Смесата можете да ја ставите на сува или влажна коса и да ја оставите да делува до 3 минути. Исплакнете ја косата со млака вода. Потоа измешајте 1 дел јаболков оцет со 4 дела вода. Можете да додадете малку есенцијално масло за поубав мирис. Повторно исплакнете ја косата. Првите ефекти се веќе видливи по првиот третман, а по неколку пати вашата коса ќе почне да расте со забрзано темпо.
Целулит – се ослободува од целулитот и „кора од портокал“. Едноставно, помешајте една лажица сода со една лажица мед, додадете малку вода и ставете ја да се вари на шпорет. Кога ќе зоврие, оставете да се готви две до три минути, малку да се излади и додека е уште топло, со оваа смеса масирајте го местото погодено од целулит три минути. Потоа измијте се со топла вода, а потоа нанесете само мед на проблематичните делови од телото. Нежно тапкајте и масирајте 4-7 минути.




Лош здив – помага во борбата против овие проблеми. Растворете една лажичка сода бикарбона во мала чаша вода и исплакнете ја устата откако ќе ги измиете забите.
Груба кожа – Ставете сода бикарбона во чорапите и заборавете на оваа непријатна ситуација.
Дамки – одличен е за отстранување на дамки. Потопете ја облеката во мешавина од 4 литри вода и шолја сода бикарбона и за неколку минути ќе забележите како природната боја се враќа на облеката.
Непријатен мирис од фрижидерот – Исчистете го фрижидерот или замрзнувачот со влажна крпа и сода бикарбона. После тоа, исплакнете со чиста вода. Исто така, ќе ги апсорбира мирисите од вашиот фрижидер. Истурете го во сад и ставете го во фрижидер и одвреме-навреме мешајте го. Променете го на секои два месеци.
Накит – му го враќа изгубениот сјај на накитот. За чистење на среброто со сода бикарбона, потребни ви се: 1 лажица сода бикарбона, 1 лажица морска сол, сад и крпа. Водата и солта се варат додека не зоврие, се трга од шпорет и се додава содата бикарбона и накитот. Оставете го да делува 15-20 минути и потоа избришете го.
Чир – ефикасен е во лекувањето на чир на желудникот. Сода бикарбона е ефикасен лек за болка за чир на желудникот. Веднаш ја неутрализира желудочната киселина и ја олеснува состојбата, а треба да растворите 1-2 лажички во полна чаша вода.
Белење на заби – Потопете ја четката во сода бикарбона и исчистете ги забите.
Изгореници од сонце – ги смирува изгорениците на кожата. Сода бикарбона ја извлекува топлината, ја смирува болката и помага за побрзо обновување на кожата. Во половина литар вода ставете една лажица сода бикарбона, а потоа натопете крпа во растворот и држете ја на оштетената кожа додека не се исуши или не стане премногу жешка, па повторно натопете ја.
Ги омекнува грашокот и гравот – подгответе ги побрзо за готвење. Додавањето сода бикарбона во гравот или грашокот додека се кисне или готви може да спречи отекување и побрзо да ги омекне. Потопете ги во вода и оставете ги преку ноќ.