Најкрцкавите триаголници со компири веднаш ќе ве освојат (ВИДЕО)

Јадење кое повторно и повторно ќе го правите
Најкрцкавиот рецепт го добиваме директно од кујната на баба.

Потребно е:
потенки готови кори
3 компири
1 голема главичка кромид
мелен пипер

лук во гранули
масло
сол

Подготовка:
Кромидот се сечка и се пржи на масло, се додава мелен пипер и гранули лук.
Додадете рендан компир и добро изедначете.

Кората премачкајте ја со малку масло, па преклопете ја на половина, па повторно премачкајте со масло и додадете полна лажица рендани компири.
Повторно преклопете ја кората, па виткајте ја во триаголник како на видеото.

Се редат во подмачкана тава и секој триаголник повторно се мачка со четка со масло. Се пече на 200 степени околу 40 минути. Послужете топли крцкави пити кои ќе исчезнат додека трепнете. Уживајте

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *