Најсочната пита со вишни и пудинг: Ненадминлив десерт кој секој ќе го обожув

Потребни состојки:
500 гр. кора за пита
1 л. млеко
200 гр. шеќер
3 пудинзи од ванила
100 мл. масло за јадење

200 гр. гриз
200 мл. јогурт
1 ванилин шеќер
1/2 прашок за пециво
3 јајца
300 гр. вишни

Начин на припрема:
Во тенџере ставете 700 мл. млеко, додајте 7 лажици шеќер и загрејте на оган, а во останатите 300 мл. растворете ги ќесичките пудинг. Додајте ги во млекото и сварете ги.

Пудингот префрлете го во сад, додајте 40 гр. путер (по желба), прекријте го со фолија и оставете да се излади. Додека пудингот се лади, припремете го преливот за корите. Со маталка изматете ги јајцата и постепено започнете да го додавате шеќерот. Потоа додајте го маслото за јадење, јогуртот, гризот, ванилиниот шеќер и половина ќесичка прашок за пециво. Сето убаво соединете го.

Започнете со правењето пита по принцип – 4 кори, на секоја од нив прелив, на 3-та вишни, а на последната пудинг, а потоа замотајте ги во ролат. Повторувајте го процесот додека имате материјал. Ролатот премачкајте го со остатокот од преливот.

Ставете во плех и печете 30 минути на 180 Целзиусови степени, а по желба посипете со шеќер во прав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *