Најубавите переци кои можете да ги подготвите во домашни услови

СОСТОЈКИ:
700 гр. брашно
100 мл. масло за јадење
300 мл. млака вода
⅔ од коцка свеж квасец

1½ лажица сол
1 лажица шеќер
1 лажичка шеќер

1 јајце
крупна сол
ким
Начин на подготовка:
Растворете го квасецот во млака вода, па во него додадете една лажичка шеќер и една лажица брашно. Убаво промешајте и оставете го квасецот да стасува. За тоа време подгответе ги останатите состојки. Брашното ставете го во длабок сад и во него додадете ги шеќерот и солта. Промешајте па направете вдлабнатина во брашното. Во неа ставете го маслото и стасаниот квасец и постепено додавајќи млака вода замесете тесто.

Месете 6 – 8 минути односно додека се формира мазно тесто. Тестото ставете го во намастен сад со масло за јадење, покријте го со парче најлонска фолија па потоа со памучна крпа и оставете го да стасува 1 час. Префрлете го тестото на работната површина која претходно малку сте ја набрашниле па оформете го во векна.

Со помош на алатка за сечење тесто или со остар нож, сечете тенки долгнавести парчиња од векната, кои подоцна лесно ќе ги обликувате во перек. Ставете ги переците во плех обложен со хартија за печење, премачкајте ги со изматено јајце и наросете ги со крупна сол и ким. Покријте ги со памучна крпа и оставете ги да стасуваат околу 30 минути.

Стасаните переци ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 230°C, 12 – 15 минути. Послужете ги додека се топли со кисело млеко или павлака.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *