На само 15 километри од Кичево се наоѓа најлековитата вода

Станува збор за Свињиште. Планинско село кое се наоѓа на само 15 километри од Кичево, веднаш покрај патот за Демир Хисар.

Природата му дарила две добра – букова шума и минерална вода.

Водата ја има во изобилство, а на двете чешми на крајот од селото луѓе од Кичево од Струга, Охрид и Гостивар секојдневно полнат шишиња и пластични туби за дома. Во викенди, доаѓаат стотици, кој со автомобил, кој со трактори, и поради тоа многу долго се чека, објави Канал 5.

Од Кичево, на изворот најчесто доаѓа во работен ден, кога човек може по спокојно да се снабди со вода. Досега за оваа лековита чиста и бактериолошки исправна минерална вода никој не пројавил ниту интерес да инвестира ниту индустриски да ја флашира и да ја дистрибуира.

Ако се искористеше ова природно богатство, велат мештаните во селото, ниту некој ќе се иселеше од Свињиште ниту на град ќе помислеше.

Leave a Reply

Your email address will not be published.