Нема повеќе одење кај забар! НОВА техника која лекува шуплини и го спасува забот!

Експерти од „Кингс“ колеџот во Лондон развија нов безболен метод на лекување, кој овозможува независно реставрација на забите, без дупчење и инјекции.




Шуплината обично се отстранува со стоматолошка дупчалка, по што шуплината се полни со материјали како што се амалгам или композитна смола.
Новиот метод, наречен Електрично забрзана и засилена реминерализација (EAER), го забрзува природното движење на калциумот и фосфатните минерали за да стигнат до оштетениот заб што е можно поскоро.




Постапката во две фази ја подготвува оштетената област на забната глеѓ и потоа користи електрична струја со мала моќност за да ги насочи минералите до местото.
Научниците очекуваат техниката да биде подготвена за употреба во рок од три години.




– Нашиот апарат не само што е попријатен за пациентот и подобар за забите, туку се очекува во најлош случај да биде економичен како и сегашните методи на лекување. Освен за сузбивање на кариесот, нашиот уред може да се користи и за избелување на забите – објаснува професорот Најџел Питс од Институтот за стоматологија на колеџот „Кингс“.




Со цел да се комерцијализира истражувањето, основана е компанијата „Реминова“ со седиште во Перт (Шкотска), која моментално бара приватни инвеститори кои ќе го финансираат развојот на ЕАЕР.