НЕОДОЛИВО ВКУСНА КОМПИР МАНЏА СО ПИЛЕШКО МЕСО

Состојки
4 средна големина компири
малку сол, црн пипер, вегета , копар
1 главица кромид

1 морков
малку масло за готвење
450 г пилешко месо
2 чешниња лук

малку сол, црн пипер
малку масло за готвење
2 лажици Доматно пире
1 ловоров лист

Начин на приготовка
Компирите измијте ги, излупете ги, исечкајте и зачинете ги со сол, црн пипер, вегета и малку копар.
Кромидот ситно исечкајте а морковот изрендајте го. На малку масло за готвење, пржете ги околу 5-6 минути.

Лукчето ситно исечкајте го. Пилешкото месо исечкајте го коцки. Во подлабока тава за готвење, на малку масло запржете го лукчето неколку минути, па додадете ги пилешкото месо. Пржете барем 10 минути или се додека месото не биде готово. Зачинете.

Во истата тава, додадете ги запржениот кромид и морков и 2 лажици доматно пире. Промешајте. Додадете ги компирите, еден лаворов лист и околу 750-800 мл вода. Гответе на средна температура, околу 40-45 минути, или се додека компирот не се свари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *