Неодоливо слатко од дуњи кое се прави само со неколку состојки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
3 кг. излупени и исчистени дуњи
3 кг. шеќер

2 лимони
1 кесичка ванилин шеќер
1⅕ л. вода

ПОДГОТОВКА НА РЕЦЕПТОТ
Во сад на оган во кој ќе го варите слаткото, ставете ги водата и шеќерот да зовријат. Повремено промешајте со дрвена лажица. За тоа време почнете да ги рендате дуњите. Рендајте ги на крупната страна од рендето, па како ќе ги рендате, така континуирано додавајте ги во шербетот што врие.

Варете го слаткото на тивок оган 25-30 минути, односно додека ја добиете посакуваната густина. Повремено промешајте за да не ви загори. Пред да го тргнете слаткото од оган, во него додадете го ванилиниот шеќер и неколку кришки лимон. По вкус можете да додадете и сечкани ореви. Готовото слатко, додека е топло складирајте го во претходно стерилизирани, топли теглички и оставете го да се излади.

Совет: За да не ви потемнат дуњите, откако ќе ги излупите и исчистите, веднаш ставете ги во вода во која сте исцедиле еден лимон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *