Непечена торта со банани и кисела павлака готова за 10 минути

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
300 гр. плазма бисквити
500 гр. кисела павлака

3-4 банани
150 мл. млако млеко
сок од ½ лимон

Начин на подготовка
Бананите исечете ги на кругови со маскимум 5мм. дебелина и ставете ги во длабок сад. Врз нив налејете го сокот од лимон и промешајте. Лимоновиот сок се додава само поради дејството да спречи бананата да оксидира и потемни.

Во бананите додадете ја киселата павлака и мешајте со лажица додека павлаката стане мазна. Филот за тортата е готов. Половина од бисквитите, еден по еден, потопувајте ги во млекото и наредете ги во еден ред за да ја формирате подлогата за филот.

Врз редот бисквити ставете го половина од филот и распоредете го по нивната површина, па повторете ја постапката со редење со преостанатите бисквити. Повторно филувајте. Готовата торта ставете ја во ладилник да отстои најмалку 2 часа. По желба за декорирање на тортата можете да ставите и шлаг крем или шлаг пена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *