Неплодни забременувале, слепи прогледувале

Марјан Стојановски, координатор на месните заедници во Ѓорче Петров и домаќин во манастирот „Мала Богородица“ во селото, раскажува дека според легендата, на оваа карпа е отсликана млада девојка која им помагала на жените кои се обидувале да имаат пород, но не успевале во тоа, да добијат дете. – Сите жени кои се обидувале да забременат, а не успеале, кога ќе се напијат од оваа вода и ќе се допрат до карпата, ќе добијат пород. Сите што дошле, а долго време немале деца, станувале плодни и имале пород, тврди Стојановски.

Изворот до неа, пак, е лековит. Легендата вели дека оние кои имаат проблеми со видот се замиваат со водата и потоа кажувале дека им помогнала. Имало дури и слепи кои прогледале откако ќе се измиеле со светата и лековита водаСелото Кучково крие многу интересни легенди во кои се верува и до ден-денеска. Една од нив е поврзана со карпата во местото Миочи, кое се наоѓа во горниот дел на селото Кучково на Скопска Црна Гора, кон караулата Чашка.

Легендата ни ја прераскажа Марјан Стојановски, координатор на месните заедници во Ѓорче Петров и домаќин во манастирот „Мала Богородица“.

– На оваа карпа е отсликана млада девојка која им помагала на жените кои се обидувале да имаат пород, но не успевале во тоа, да добијат дете. Изворот до неа пак е лековит. На карпата чисто и јасно се гледа целото тело на млада девојка. До неа постои света вода која има повеќе минерали и е лековита – вели Стојановски.

Според легендата, во околината на изворот имало дупка, наречена Kоњска нога, и која, наводно, останала откако Kрале Марко со својот коњ Шарец поминал крај селото. Дупката од копитото на Шарец требало да биде патоказ за света вода. Водата истекува од подножјето на карпата преку една цевка и се слева во помало корито. Мештаните тој извор го викаат Миочи, од миј очи, што означува дека оваа вода е за оние кои патат од очите.Легендата вели дека оние кои имаат проблеми со видот се замиваат со водата и потоа кажувале дека им помогнала. Имало дури и слепи кои прогледале откако ќе се измиеле со светата и лековита вода.

– Сите жени кои се обидувале да забременат, а не успеале, кога ќе се напијат од оваа вода и ќе се допрат до карпата ќе добијат пород. Сите што дошле, а долго време немале деца, станувале плодни и имале пород – тврди Стојановски.

Според старото народно верување, пак, ако на празникот Младенци се донесе кошула од болен, или пак од жена која не може да има деца и се остави на карпата, кога змија која на пролет излегува од дувлото ја полази, болеста ќе исчезне, а жената ќе затрудни.

Стојановски додава дека карпата датира уште многу одамна, уште од турско време.

– Во местото Миочи доаѓаат не само од селото, од градот Скопје, туку и од други градови во Македонија, но и од странство. Местото е уредено. Направен е летниковец, има и клупи и столчиња. Така што, оние што доаѓаат овде имаат каде да одморат. За него се грижи домаќинот Душко. Тој веќе 13 години го одржува и уредува местото. Има и убава градина со цвеќиња Сето тоа е направено откако дојде тој – истакна Стојановски.

Посетеноста на ова место, според него е сè поголема. Стојановски додава дека за местото луѓето дознаваат еден од друг. Повеќе доаѓаат за викендите, посебно во летниот период.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *