Никој не би помислил дека тоа е можно: Оваа домашна обврска го намалува стресот и делува како терапија

Истражувањето на универзитетот „Florida State“ покажало дека рачното миење садови има терапевтски ефект и оваа, за многумина напорна, здодевна и монотона активност, го зголемува чувството на задоволство и ја намалува нервозата.

Резултатите покажале дека учесниците преку миење садови имале поизразена свест за себе и околината, поголема инспирација и креативност, а истражувачите велат дека не е само миењето садови терапевтско – така на нас наводно делува секоја работа која ја извршуваме рутински, без многу размислување.

„Перењето алишта, чистењето со правосмукалка и собирањето на лисја во дворот е исто како и миењето садови – ве присилува само да ‘бидете присутни’“, велат истражувачите.

Некои студии покажале дека рачното миење садови ја подобрува цревната флора, што резултира со намалени алергии. Ова го покажало една шведска студија од 2015 година во која учествувале 1.000 родители на мали деца: децата на родителите кои рачно ги миеле садовите, поретко заболувале од кожна егзема, астма и поленска треска.

Имено, „хигиенската хипотеза“ по која се водела студијата вели дека благодарение на сè почестата употреба на антибактериски сапуни и средства за дезинфекција на раце и премалото време поминато во природа со животни, децата повеќе не се изложени на толкав број бактерии и други микроорганизми како порано. Поради тоа, нивниот имунолошки систем не учи да препознава кои микроби се безопасни, а против кои треба да се бори. Тоа, според многу лекари, е причината за пречестите разболувања и разните алергии, од полен до алергии на храна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *