Оваа било омилениот десерт на Тито

омилениот десерт на некогашниот лидер на Југославија.
Потребни состојки:
За пандишпан:
4 жолчки
200 грама шеќер
5 лажици изладено кафе
100 грама мелени ореви
5 лажици брашно
3 лажици масло за јадење
1 кесичка прашок за печење




Шлаг подготвен од 4 белки
Фил од млеко:
400 мл млеко
5 лажици брашно
2 жолчки




Фил од маргарин:
230 грама маргарин
10 лажици шеќер
100 грама растопена чоколада за готвење
1 кесичка ванилин шеќер




Подготовка:
Поделете ги жолчките од белките, во белките додадете 100 грама шеќер и изматете со миксер. Исто така и во жолчките додадете 100 грама шеќер и изматете со миксер.
Во смесата со жолчки, додадете 5 лажици ладно кафе, 100 грама мелени ореви, 5 лажици брашно, 3 лажици масло за јадење, 1 кесичка прашок за печење и смесата од изматените белки. Целата смеса добро изматена префрлете ја во тавка за печење, печете 20 до 30 минути во загреана рерна на 200 степени.




Фил од млеко: во 400 мл млеко додадете 5 лажици брашно и 2 жолчки, варете на умерена температура со непрекинато мешање.
Фил од маргарин: во 230 грама маргарин (на собна температура) додадете 10 лажици шеќер, 10 грама растопена чоколада за готвење и кесичка ванилин шеќер, може да додадете и арома од рум. Филот од маргарин додадете го во изладенит фил од млеко, па потоа нанесете го врз изладениот пандишпан, укарасете со шлаг крема.