Ова е единствената вештина што родителот треба да ја научи во 21 век: Откри психолог од Стенфорд!

На оваа вештина инстистираа Стив Џобс и Бил Гејтс
Правилото број 1 што секој родител денес треба да го научи на своето дете е како да се спротивстави на дигиталната технологија, социјалните медиуми…




Зошто е ова важно?
Затоа што во иднина ќе има само два типа на луѓе: оние кои ќе дозволат контрола врз нивните умови и оние кои ќе го избегнат негативното влијание на модерната технологија.




Да се има способност да се одолее на искушението на модерната технологија е клучна вештина за 21 век.
За жал, повеќето родители не му придаваат посебно значење.




Психолог од Универзитетот Стенфорд тврди дека ова е сериозен проблем, бидејќи многу родители не ги учат своите деца како да се ограничат во користењето на технологијата, но и како да живеат без 100% потпирање на технологијата.
„Научете ги децата да живеат без модерни гаџети, тоа е најголемиот подарок што можете да им го дадете“, тврди овој научник.




Иако ова е долг процес кој бара многу борби, родителите мора да разберат дека тие се единствено одговорни за своите деца и дека тие се единствените кои можат да ги научат правилно да управуваат со своето време и да размислуваат сами.