Овесен чоко-колач: Здрав десерт што се јаде без грижа на совест

Состојки:
100 + 150 г овесни снегулки
50 г ореви
50 г лешници
120 г мед




сол
екстракт од ванила
200 г црно чоколадо
180 г путер од кикирики




Приготвување:
Земете 100 г овесни снегулки, ореви и лешници. Изблендирајте додека добиете брашнеста текстура. Пресипете ја смесата во подлабок сад. Додајте ги преостанатите овесни снегулки.
Додајте малку сол, екстракт од ванила и мед. Промешајте. Две третини од смесата втиснете ја во калап покриен со хартија за печење. Оладете.




Стопете ги чоколадото и путерот од кикирики. Премачкајте ги врз овесниот слој, Одозгора, додека филот сè уште е топол, додајте ја преостанатата смеса од овес.
Оставете го колачот да се лади преку ноќ.