Овесна каша за појадок е секогаш добар избор, а еве и зошто:

Овесна каша за појадок е секогаш добар избор, а еве и зошто:




го намалува нивото на холестерол
го регулираат нивото на шеќер во крвта
го намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2
го помага слабеењето
го зголемува имунитетот
го намалува ризикот од појава на канцер.
Ако ова беше доволно за да ве убедиме, еве го предлогот за денес.




Овесна каша со банана и кива
Потребни состојки:
3 лажици овесни снегулки
½ банана
1 кива
1 лажичка ленено семе
1 лажичка мед
200 ml вода
Начин на подготовка:
Овој појадок има два начини на подготовка во зависност од времето кое го имате на располагање.




Доколку ви се брза најдобро е да ја стоплите водата и да ги прелиете овесните снегулки со топла вода која не врие. После 2-3 минутки додадете ги бананата и кивата насечкани на коцки па на крај лененото семе и медот и убаво измешајте.




Другиот начин е полесен, но за него ќе ви треба малку повеќе време затоа што ќе треба да ги оставите овесните снегулки да ја апсорбираат водата малку подолго време. Ставете се во блендер и убаво соединете. Оставете ја овесната каша/пудинг околу 1-2 часа, тоа е доволно време овесните снегулки и лененото семе да ја апсорбираат водата.