Рецепт за највкусната торта „Династија“

Овој десерт е идеален, не бара многу време и е релативно лесен за подготовка! Тортата со име „Династија“ е создадена во средината на 1980-тите години, во време кога познатата американска серија со истото име беше популарна. Таа е идеална за сите љубители на ореви.

Состојки
За кората
15 белки
450 гр шеќер
150 гр сечкани ореви
3 лажици брашно

За филот:
15 жолчки
8 дл, млеко
3 пудинзи од ванила
8 лажици шеќер
6 ванилин шеќер
200 гр путер
16 лажици шеќер
100 гр чоколадо за готвење
2 шлаг

Подготовка

Кора
Оваа торта е малку понапорна, па за да направите вистинска, вкусна Династија, треба да испечете три кори. На плех ставете мрсна хартија и додајте уште малку масло, печете ги корите една по една, така што трипати ќе промешате пет белки. Во смесата со белките постепено додавајте шеќер, прво 150 грама и на крај 50 грама сечкани ореви и една лажица брашно. Секоја кора се пече 45 минути на 150 степени.

Фил
Сите три пудинга сварете ги со 8 дл млеко и почекајте да се изладат и стврднат. Додека се чека тоа, изматете 200 гр путер со 16 лажици шеќер и додадете 15 жолчки една по една. Мешајте додека не добиете изедначена смеса. Додадете ги изладените пудинзи и сè лесно измешајте со миксер. Добиениот фил поделете
го на два дела, во едниот дел додадете 6 кесички ванилин шеќер, а на другата половина 100 гр растопено чоколадо.

На приготвената кора премачкајте слој жолт, па слој кафен фил и ставете ја следната кора, па повторно премачкајте. На последната кора ставете шлаг и вашиот десерт е готов!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *