Оргинален рецепт за познатата италијанска супа Минестроне

Супата минестроне е популарно јадење во Италија уште од времето на старите Римјани. Денешната верзија на оваа супа се разликува во речиси сите италијански регии бидејќи секоја регија има своја тајна состојка.




Идеална е за секое годишно доба и можете да ја приспособите на сите сезони, а содржи мноштво хранливи состојки и е многу здрава.




Потребни состојки:
– 200 гр. грашок
– 200 гр. тиквички
– 200 гр. домати
– 1,5 л. бујон
– 1 главица кромид
– 1 морков
– 2 чешниња лук
– 1 шолја макарони
– 2 лажици маслиново масло
– половина целер
– свеж магдонос
– сол, црн бибер
– малку пармезан




Начин на подготовка:
Во тенџере на оган загрејте го маслиновото масло, а потоа додајте ги лукот, кромидот, морковот, целерот и тиквичките исечкани на коцки. Динстајте околу 5 минути додека зеленчукот не омекне, а потоа додајте ги доматите и динстајте уште 3 минути.




Во тенџерето додајте го бујонот и 2 чаши вода и оставете да зоврие. Потоа, додајте ги тестенините и оставете го тенџерето без капак на оган додека не се сварат заедно со зеленчукот.




Во супата додајте го грашокот, зачини по вкус, па сето тоа варете го уште 15-тина минути. На крајот додајте свежо исечкан магдонос и послужете ја супата додека е топла, со изрендан пармезан одозгора.