Ослич со шери домати

Совршен избор за љубителите на вкусна риба и брз рецепт за „ненајавени“ гости. Уживајте во приготвувањето на овој специјалитет.




Состојки:




500 гр филети од ослич
2 главици брокула
1 главица кромид
1 кг шери домати




100 гр сирење
тимијан
масло за јадење
сол
мелен црн пипер
Подготовка:




Во намастена керамичка тава наредете ги филетите од ослич, наросете ги со сол, мелен црн пипер и тимијан, и попрскајте со масло за јадење. Врз рибата наредете ги парчињата кромид, обарените цветови брокула и половинките шери домати.
На крајот во тавта изрендајте го сирењето. Печете 30-тина минути на температура од 200 степени.