Палачинки со мед и рикота на кои неможете да им одолеете

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
1 јајце
100 гр. брашно
200 мл. млеко (0,9% масленост)
250 гр. рикота

1 портокал
3 лажици мед
½ лажичка морско оревче
50 мл. масло за јадење
прстофат шеќер
прстофат сол

НАЧИН НА РЕЦЕПТОТ
Во сад за матење ставете ги сите суви состојки и добро промешајте. Потоа додадете ги млекото, јајцето и 2 лажици масло за јадење, па матете ги состојките со миксер додека добиете хомогено и мазно тесто.

Оставете го тестото да отстои околу 10 минути, а потоа со помош на црпалка земете од тестото и разлејте го по целата површина на загрена тава со нелеплива подлога, која претходно сте ја премачкале со малку масло за јадење.

Печете ги палачинките на умерена температура. Кога палачинката ќе порумени од долната страна, превртете ја, и оставете ја да се пече додека порумени и од таа страна. Готовите палачинки редете ги една врз друга на парче алуминиумска фолија за да стојат топли додека ги направите сите.

Портокалот излупете го и исечете го на тенки кругови. Кората од портокалот исчистете ја од белиот горчлив дел, па исечете ја на ситни коцки и ставете ја на загреана тава со 1 лажичка масло за јадење, малку да се запече и да ја испушти својата арома. Секоја палачинка премачкајте ја со половина лажица мед и преклопете ја два пати за да добиете триаголник. Сервирајте по две палачинки на чинија со топка рикота и парче портокал. Декорирајте со запечените коцки од портокал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *