Паприкаш од печурки: Совршена посна чорба за целото семејство

Оброк полн со зеленчук е адекватна и многу поздрава замена за месото.




Состојки:
1/2 кг. свежи печурки
1/2 кг. компири
3 главици кромид
1 морков




2 лажици гриз
1 китка лист од магдонос
сол
бибер
сушен зачин




Подготовка:
Исчистете ги печурките, компирите, кромидот и морковот. Сè ситно исечкајте, истурете вода колку да се натопи зеленчукот и варете на тивок оган дваесетина минути.




Додадете сув зачин, бибер и гриз. Посолете по вкус и додадете го исечканиот лист магдонос.