Песок торта: Лесна и вкусна, нема кој не ја сака

СОСТОЈКИ:
300 гр мелени лешници
300 гр кокос

250 гр маргарин или путер
700 гр шеќер
1,5 литар млеко

350 гр мелени кекси
6 пудинга од ванила

НАЧИН НА ГОТВЕЊЕ:
Ставете го млекото во сад за варење. Заедно со млекото додајте го и пудингот. Мешајте додека да се згусне и оставете додека да се олади филот. Филот поделете го на 3 дела во посебни садови.

Се мати путерот/маргаринот и подеднакво се додава во трите сада со пудинг. Продолжуваме со матење.
Во едниот сад ги додаваме мелените кекси, во вториот кокосот и во третиот мелените лешници.

Во калап за торта прво се става смесата со кекси, врз неа филот со кокос и најодозгора филот со мелените лешници.
Вака подготвената песок торта ставете ја во фрижидер неколку часа за да се добие компактност. Потоа, извадете ја од калапот.
Добар апетит

Leave a Reply

Your email address will not be published.