Печена зелка со свинско месо

Состојки
1.5 кг зелка (1 голема или две помали главици)
700 гр свински шницли
2 моркова

1 главица кромид
2-3 лажици свинска маст
300 мл вода
сув зачин, бибер, лута буковска пипер

Малку пинаков начин на подготовка на летна зелка.
1. Свинските шницли зачинете ги со сув зачин, бибер и буковска, додајте им малку масло, измешајте ги и оставете ги во фрижидер час-два.
2. Јас имав две мали зелчиња. Исчистете ги од надворешните лисја и исечете ги од горниот дел, од кочанката на половина па на четвртини и крајно на осмини.

Парчињата да имаат и дел од кочанката, цврсто да стојат.
3. Тавата премачкајте ја со свинска маст. наредете ги парчињата зелка, па измеѓу нив ставете го месото, морковот исечен на ленти, исто така и кромидот, зачинете со сув зачин, бибер, лута буковска, турете ја водата и расфрлајте преку цела тава од свинската маст.

4. Преку зелката најпрво ставете хартија за печење, а преку неа и фолија. Печете на 200 степени два часа. Извадете ја фолијата и хартијата и продолжете со печење уште петнаесетина минути.
Наздравете со чаша винце!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *