Пилешко со зеленчук и тестенини од наут

Ако сакате да го намалите внесот на јаглехидрати и внимавате што јадете, ама сепак обожавате тестенини, потрудете се кога ги правите тестенините да ставите од се друго повеќе (најмногу зеленчук), а тестенини најмалку. Јас така направив со вчерашниот ручек. Иако тестенините беа од наут и се многу поздрава верзија од обичните сепак ставив само 80 g за сите тројца.

Потребни состојки:
300-400 g варено пилешко бело месо
2-3 моркови
околу 200 g печурки
1 главица кромид (може наместо кромид да ставите праз)
околу 150 ml доматно пире
80 g варени тестенини (јас користев од наут)
околу 50-тина g кашкавал или моцарела
маслиново масло, сол и зачини по желба.
свежа рукола.
Начин на подготовка:

Тестенините сварете си ги на стандарден начин. И месото сварете го посебно. Моето бидејќи е домашно му требаше малку подолго време да се вари, но од водата во која се вареше денес направив преубава пилешка супа. Кромидот, морковот и печурките насечкајте ги и кратко динстајте ги со малку маслиново масло. Во тавата додадете го свареното пилешко месо насечкано на коцки. Додадете сол и некои суви зачини по желба, па на крај додадете го доматното пире. Измешајте и кратко динстајте на тикво (некои си 4-5 минути). Потоа во оваа мешавина додадете го сварените тестенини и убаво измешајте.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *