Печен зеленчук со зачини

Потребни состојки:
300гр. цветови од брокула
300-400 гр. компири
150-200 гр. мали моркови
½ лажичка кумин

½ лажичка лук во прав
½ лажичка кромид во прав
½ лажичка мелена црвена пиперка
1 лажичка сол
70-80 мл. масло за јадење

Начин на подготовка:
Излупете ги компирите, исечете ги на долгнавести парчиња и ставете ги во сад со вода. Потоа излупете ги морковите (не ги стругајте), па и нив додадете ги во садот со компирите за да не ви потемнат. Потрудете се да најдете што помали моркови. Доколку тоа не е можно, употребете било какви па истите исечете ги на долгнавести парчиња со приближно иста големина како парчињата компири.

Цветовите од брокула измијте ги под силен млаз вода и ставете ги во цедалка убаво да се исцедат. Поголемите цветови исечете ги на половина. Во мал сад измешајте ги зачините со маслото за јадење. Потоа исцедете ги компирите и морковите и ставете ги во длабок сад заедно со цветовите брокула па прелијте ги со зачинетото масло и добро промешајте со раце.

Распоредете го зеленчукот во плех обложен со хартија за печење така што цветовите брокула ќе ги ставите на едната страна а морковите и компирот на другата. Покријте ја брокулата со парче алуминиумска фолија и ставете го зеленчукот да се пече во претходно загреана рерна на 230°C околу 25 минути односно додека компирот и морковот малку поруменат.

Потоа внимателно отворете ја рерната и отстранете го парчето фолија од брокулата и оставете го зеленчукот да се пече уште 10 минути односно додека добие златно жолта боја. Печениот зеленчук можете да го послужите како прилог, ужина или лесна вечера. Совршено се вклопува со освежителен прелив од разматена павлака со сок од лимон, вода за разредување и сол по вкус и ситно сечкан свеж копар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *