Печен зеленчук со тахини дресинг

Состојки:
1 домат
1 мала тиквичка
1 црвена пиперка бабура
100 гр. цветови од карфиол

100 гр. конзервиран наут
100 гр. конзервиран црвен грав
1-2 лажици ситно сечкан свеж магдонос
4 лажици маслиново масло

½ лажичка лук во прав
1-2 лажици густ балсамиран оцет
30 гр. тахини паста
1 лажица јаворов сируп
½ лажица јаболков оцет
2 лажици бадемово млеко
сол
бибер

Начин на подготовка:
Вклучете ја рерната на 230°C да се загрее, а за тоа време припремете го зеленчукот. Доматот исечете го на коцки а тиквичката на тенки кругови, па ставете ги во длабок сад. Во садот додадете ја и пиперката исечкана на долгнавести парчиња.

Наутот и гравот исцедете ги од течноста во која биле конзервирани. И нив додадете ги во садот. Исечканиот зеленчук зачинете го со 1 лажичка сол и ½ лажичка лук во прав. Попрскајте со маслиново масло и балсамиран оцет и добро промешајте. Зачинетиот зеленчук распоредете го во еден слој на претходно намастен плех за печење. Печете го 15 минути, извадете го од рерна, промешајте, па повторно вратете го на печење уште 15 минути. Додека зеленчукот се пече, припремете го дресингот. Во кујнски блендер или сечко ставете ги јаворовиот сируп, јаболковиот оцет и бадемовото млеко, а на крајот додадете тахини паста, ¼ лажичка сол и малку бибер.

Блендирајте додека се добие хомогена смеса. Густината на дресингот можете да ја прилагодите со додавање на тахини паста или јаболков оцет и масло. Испечениот зеленчук послужете го врз варен ориз, киноа или булгур, па попрскајте со дресинг и декорирајте со магдонос. Доколку сте подготвиле повеќе зеленчук од тоа што ви е потребно, истиот искористете го да направите вкусна салата со кус кус, лимонов сок и маслиново масло.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *