Пикантни крилца на корејски начин

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
900 гр. пилешки крилца
50 мл. млеко
60 гр. нишесте
1 лажичка прашок за печиво
1 лажичка рендан ѓумбир
½ лажичка лук во прав
½ лажичка кромид во прав
70 гр. + 1 лажичка сол
2 лажици алкохолен оцет
¼ лажичка бибер
масло за јадење по потреба,




За сос
2 лажици соја сос
2 лажици мед
2 лажици ситно сечкан лук
1½ лажичка лут буковец
1 лажица чили сос
1 лажица јаболков оцет
50 гр. тостирани кикирики
1 лажица Дижон сенф
1 лажица кафеав шеќер
1 лажица масло за јадење




Во длабок сад ставете 2½ л. вода, 70 гр. сол и 2 лажици алкохолен оцет. Добро промешајте. Во добиениот раствор ставете ги пилешките крилца и убаво истријте ги со раце. Потоа исцедете ги, наредете ги на кујнска хартија за да ја впие вишокот на вода. Ставете ги крилцата во сад и прелијте ги со млеко. Потоа додадете рендан ѓумбир и кратко масирајте ги крилцата со раце.




Во длабока кутија со капак ставете го нишестето. Во него додадете ги прашокот за печиво, лукот и кромидот во прав, солта и биберот. Промешајте. Во добиениот микс ставете ги пилешките крилца, затворете ја кутијата со капакот и убаво простресете за секое крилце целосно да се обложи со нишесте. Истресете го вишокот нишесте од парчињата пилешко пред да ги ставите да се пржат. Крилцата се пржат два пати на загреано масло со умерена температура за да се добие совршена крцкавост. Не ја пржете целата количина одеднаш. Прво ставете половина од крилцата да се пржат 10 минути, по 5 минути на секоја страна.




Извадете ги од маслото и ставете ги на решетка за ладење. Потоа испржете ја и втората половина. Кога ќе го завршите процесот на првото пржење, повторете ја постапката уште еднаш. Ставете ја првата половина од испржените крилца да се пржат уште 10 минути односно додека поруменат а потоа извадете ги на решетката за ладење и испржете ја втората половина.




Во голема тава на оган со умерена температура ставете 1 лажица масло за јадење и на него кратко пропржете го лукот и лутиот буковец. Потоа во тавата додадете ги сите преостанати состојки и добро промешајте. Намалете ја температурата на оганот и оставете сосот да се крчка 2 – 3 минути односно додека малку се изредуцира и згусне. На крајот во сосот додадете ги пилешките крилца и убаво промешајте. Послужете ги веднаш.