Највкусниот РЕЦЕПТ за Пилешко во маринада

Постојат многу варијации кога станува збор за маринирање на месо. Секогаш зачините може да ги адаптираме според она што го имаме дома или според вкусот. Најдобро е секоја маринада да стои со месото минимум 2 часа, за да се упијат сите мириси на зачините. И секогаш е најдобро зачините да се свежи.




Овој рецепт е со маринада за пилешко месо, на која може да и додадете и малку црвено вино доколку сакате да добиете поостар вкус.




Рецепт
5 Пилешки батаци
50 гр Путер
50 мл Вода
ЗА МАРИНАДАТА




Рузмарин
Копар
Чили
Мајоран
1 лажица Црвен пипер (зачин)
2 лажици Маслиново масло
2 лажици Дижон сенф
Сол и бибер
Инструкции за готвење
Пилешките батаци убаво ги миеме и ги оставаме на кратко во вода, додека ја подготвиме маринадата.




Во посебен сад ги мешаме сите состојки за маринадата. Секое парче месо го премачкуваме со смесата и веднаш го редиме во садот кој претходно го намрсуваме со мали парченца путер и во кој додаваме 50 мл вода.




Го затвораме садот со алуминиумска фолија и го ставаме во претходно загреана фурна на 200 степени. Печеме околу 60 минути и потоа ја тргаме фолијата додека не добиеме убаво печено пилешко месо.