Пилешко месо полнето со песто сос и моцарела

Пилешко место полнето со песто сос и моцарела е идеален оброк за празнична трпеза, но и ‘обичен’ ручек.
За подготовка на ова јадење потребни ви се околу 30 минути. Овие состојки се доволни за три порции.
Состојки:

3 парчиња пилешки гради
лажичка сол
лажичка бибер

12 парчиња сушени домати
3 лажици песто сос
85 грама рендана моцарела
3 лажици масло

Подготовка:

Зачинете го со сол и бибер секое парче од пилешките гради од двете страни. Пресечете ги хоризонтално за да направите доволно простор за полнење. Секое парче наполнете го со 1/3 моцарела, лажица сос од песто и четири парчиња сушени домати.

Загрејте го маслото во тава на средна температура. Пржете ги од 5 до 8 минути од двете страни, додека кашкавалот не се растопи и пилешкото не биде доволно испржено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *