Пилешко месо полнето со сирење и сувомеснато

СОСТОЈКИ:
1 кг пилешки гради




6 пиперки
1 шолја брашно
250 гр сувомеснато по избор




150 гр фета сирење
100 мл бело вино
сол
бибер




НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пилешкото исечкајте го и исчукајте го тенко да добиете што поголема површина.




Пиперките испечете ги, излупете ги и исчистете ги.
На пилешките гради ставете сувомеснато, фета сирење и пиперки.
Месото замотајте го и зацврстете го со чепкалки.




Извалкајте го пилешкото во брашно и пржете го во тава на масло додека не порумени.
Прелијте со вино и продолжете да крчкате додека пилешкото не биде готово.