Пита во калап за куглоф – Без месење и спремна за брзо време

СОСТОЈКИ:
500 гр. кори за пита
350 гр. сирење
100 мл. масло




5 јајца
200 мл. кисела вода
10 гр. прашок за пециво




ПОДГОТОВКА:




Се сечат корите на ленти и се делат, се ставаат во длабок сад едно по една.
Се матат јајца со масло, прашок за пециво, ронето исрење и кисела вода, со жица додека се соединат.
Се става смесата врз корите, па полека се меша со лажица да се натопат сите траки од корите.
Се премачкува калап за куглоф со маргарин и се става смесата со корите внатре.
Се пече на загреана рерна на 180 степени додека не стане златна питата.