Пита со спанаќ и кајмак

СОСТОЈКИ
Готови кори(600 Грама)
Сирење(600 Грама)
Кајмак(150 Грама)
Спанаќ(600 Грама)




Масло(2 Децилитри)
Млеко(2 Децилитри)
Кисело млеко(2 Децилитри)
Газирана вода(1 Децилитар)




Јајце(5 )
Сол
Вегета
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути




Спанаќот добро измијте го и варете го во солена вода. Кога ќе биде готов, исцедете го и исечкајте го.
Јајцата добро изматете ги, додајте го грубо издробеното сирење, кајмакот, млекото, киселото млеко, сварениот спанаќ, газираната вода, вегета и малку сол. Сè добро промешајте.




Тепсија намастете ја со масло, обложете ја со еден лист готова кора така што на сите четири страни тестото излегува од тепсијата.
Попрскајте ја кората со масло, па ставете уште еден лист и тенко намачкајте го со подготвениот фил. Повторно ставете лист од тестото и повторете ја постапката додека не ги потрошите филот и корите.




На крајот преклопете ги рабовите од тестото и попрскајте со масло. Одозгора ставете уште 2-3 листа тесто и повторно намастете со масло.
Питата печете ја во загреана рерна на 200-220°C, околу 1 час. Готовата пита исечете ја на парчиња и послужете ја топла или ладна.