Пита со тиквички

Тиквичките можете да ги користите за салати, сосови, па дури и како фил за пита.

Состојки:
2 тиквички
2 страка млад лук
4 јајца

300 мл. млеко
300 гр. крем сирење
100 гр. тврдо сирење
2 лажици брашно
1 лажичка прашок за пециво
1 врзоп копар

Подготовка:
Ситно исечкајте ги тиквичките, младиот лук и копарот. Ставете ги во тава обложена со хартија и додајте сол и маслиново масло.
Печете во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу 20 минути. Изматете ги јајцата со крем сирењето, а потоа додајте млеко, прашок за пециво, брашно, сол, бибер и малку копар.

Испечениот зеленчук оставете го да се излади, а потоа додајте го во смесата со јајцата и добро измешајте.Одозгора ставете го и ренданото сирење. Печете во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу 25 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *