Пица од хељда

Состојки:
300 гр. брашно од хељда
1 пакетче прашок за пециво
2 лажички сол
1 лажичка ориганo
1 лажичка ким




40 гр. чиа семе
240 мл. вода
160 мл. вода (оделено)
60 мл. маслиново масло (или масло по желба)
Топинзи:
доматно пире
говедска пршута
печурки
рукола
сусам
* слободно може да си ги адаптирате топинзите и да си додадете нешто по желба.




Начин на подготовка:
Во мал, длабок сад се мешаат чиа семето и 240 мл. вода и се остава на страна, околу 15тина минути се додека не се претвори во гел текстура. Ова ќе ни биде замена за јајца во понатамошниот рецепт.
Се загрева рерната на 180° и се поставува хартија за печење на тава за печење.
Во голем длабок сад се додаваат брашното, сол, оригано, ким и прашок за пециво. Се промешува.
На истата смеса се додаваат и остатокот (160 мл.) вода, маслиновото масло и чиа јајцето.




Се промешува се убаво се додека не се соедини. Смеесата треба да биде доста густа и малку леплива.
Добиената смеса се формира во голема топка и се дели на три еднакви делчиња. Се додава едно топче на тавата за печење и се растегнува тестото, за да добие форма на пица. Зошто смесата е доста леплива, најубаво ова да го правите со намрсени раце или пак со шпатула претходно натопена во масло.
Ако немате место на тавата, печете засебно.




Се пече 20 минути. Се вади од рерната, се додаваат сите топинзи и повторно се враќа на печење уште дополнителни 5-8 минути.
Пицата најубаво да се јаде додека е топла, меѓутоа може и да ја чувате во ладилник и неколку дена. Пред конзумирање само стоплете ја малку во рерна и ќе биде повторно вкусна.




Може и тестото да го замрзнете во замрзнивач и да стои 1-2 месеци. Само оставете да се одмрзне неколку часа претходно и печете исто по инструкциите погоре.