Побкусни палачинки од овие не постојат! Бананата е главната состојка, а децата ги обожуваат за појадок!

Состојки:
100 гр. овесни снегулки
100 гр. брашно
120 мл. млеко

банана
две јајца
две лажици мед
пола лажица ванилен шеќер

половина лажица прашак за пециво
малку сол и сода бикарбона
50 гр. растопен путер
100 гр. малини

јаболки
50 гр. јагоди
банани
50 гр. бадеми

Подготовка:
Згмечете ја бананата со вилушка, додадете јајца и изматете, па додадете ги брашното, овесните снегулки, растопениот путер, млекото, прашакот за пециво, ванилниот шеќер, содата, солта и медот. Сето тоа убаво соединете го и оставете го да отстои 15 минути.

Во тавче загрејте малку масло, па печете ги палачинките на умерена температура додека не поруменат од двете страни. Украсете ги со овошје и бадеми и послужете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *