Позитивни афирмации што мене ми го осветлуваат патот

Позитивни афирмации што мене ми го осветлуваат патот. И зошто.
“Има два типа на луѓе – Нормални и оние што знаат дека не постои такво нешто.”




Спиритуалното будење не е едноставен процес. Многу промени, во краток период. Многу информации. И сосема различни од оние на кои сме научени. Секој што е на Спиритуалниот пат стигнал и до тоа да си го постави прашањето – Дали сум јас нормален? Да, нормален си. tumblr_ny8ag6q2EH1ulcpzto1_1280Проблемот е во тоа што сме несфатени, од оние што сеуште Спиритуално не се разбудиле. Па не покажуваат со прст и не гледаат чудно. А сме дознале нешто што е неверојатно, пат до среќата буквално. Јас кога мене ми кликнаа некои работи посакав да му кажам на цел свет – и да, ме гледаа како ненормална. Општествено нормален зборуваме ли? Кое изветоперено општество. Знаете родени сме голи и боси. Но денес ако носиш штикла 20цм можеш да одиш каде сакаш. Ако излезеш бос – Во лудница ќе те однесат. Има една као шега и вели – “Видов еден во кафич денес, ниту лаптоп, ниту телефон, седи така ко ненормален и кафе пие.”
Тоа нормално е?! Јас научив, знам – дека не постои такво нешто како нормален.
“Луѓето не се ПРОТИВ тебе, тие се ЗА себе.”




Доста е параноја!
Да, ние сме центар на нашиот свет. Така и другиот си е центар на својот. Барем треба да биде. Во глобала – Кога некој прави нешто што тебе те повредува – за жал неможам да кажам 100% од времето но 90тина не го прави со намера да те повреди, туку прави нешто што нему му прави да се чувствува убаво, добро, му помага. Сеедно. Не мислат сите исто како тебе. Можеби никој не мисли баш исто. А само неколку слично. Затоа кога ќе помислиш дека нешто е направено против тебе – Размисли ЗОШТО ТЕБЕ ТИ ТЕКНАЛО ТАКВО НЕШТО? Дали ти би направил такво нешто против некого? Зошто размислуваш така. Исчисти се – тие мисли трујат.
Додаток на ова – “Се што гледаш е огледало на тебе.“




Зошто е тоа така? Зошто 10 луѓе иста работа на 10 различни начини ја гледаат. Што е тоа што го гледаат? Аспект е во прашање. Го гледаат она во себе што го носат. Нашиот мозок е програмиран, сега правиме да кажеме – форматирање. Тоа што го гледаме по пат треба убаво да го запомниме и да се исчистиме од се што не ни се допаѓа. Зошто е огледало на нас, на нашата душа. Оговарањето на пример е момент кога можеме да дознаеме најмногу за оној кој ни зборува, не за тој за кој се зборува. Исто е и кога ние оговараме некого. Слушни кои мани ги пронаоѓаш и застани пред огледало. Таму се. Полесно е да ги искажеш кога зборуваш за друг. А зборуваш за себе.
Туѓото мислење за мене не ме дефинира мене.”




Кога се замарав што луѓето мислат за мене – Верувајте постојано, секојдневно слушав секакви приказни. Кои ме полнеа со негативна енергија. Одкако престана да ме интересира – Не сум чула многу долго. А не да не се зборат. Не ги привлекувам, не стигаат до мене. Всушност веќе и да стигнат не ме интересира. Нивното мислење – Било чиво – Не ме дефинира мене. Разберете – Луѓето секогаш ќе зборат. Никогаш нема да им удоволиш на сите. Нема начин. Ниту потреба.
“Кога паѓаме надоле – Ние само земаме залет за да се издигнеме повисоко нагоре.”
одаток на ова – Моето минато НЕ ја дефинира мојата иднина. Ни сегашност.
Зошто го нагласив ова? Луѓето на Спиритуалниот пат, не ретко се луѓе со тешко минато, луѓе што преживеале лоши работи. Направиле работи на кои не се секогаш горди. И тоа е во ред. Само прифатете се што ви се случило. Прифатете се што сте направиле. Заблагодарете се за тоа што ви се случило – Затоа што ве донело каде што сте денес. Тоа што ќе го направиш денес, значи денешната верзија на тебе ќе те однесе до утре, не таа од вчера. Труди се да бидеш подобра верзија на себе, а неможеш да бидеш ако гледаш назад. ЖИВЕЈ ГО МОМЕНТОТ!
“Засакај се себеси и биде искрен према себе.”




Во тек на животот ни се случуваат многу работи. Треба да застанеме пред огледало и да си ги признаеме себеси се. Признај кој си и што си. Што си правел, она од што се срамиш, она од што се плашиш, се што ти се случило. Нека излезат сите трауми, болки, негативни емоции, лутина, бес, нервоза. Мора да излезат некаде. Инаку се насобираат во нас и не оставаат место за нови позитивни емоции, ни тежат, не гушат. Знам дека го знаете тоа чувство. Кажете што ве боли, себеси кажете си го. Доволно е. Кога на свесно ниво ќе сфатиш што си поминал и преживеал. Значи кога ке го прифатиш, кога ќе си признаеш. Не е повеќе тешко да се сакаш себеси. Зошто си херој на својот живот..
“Моментот трае 1 секунда, ние ја држиме емоцијата подолго.”




Што и да се случи, што може да не повреди – Се случува во секунда, 2-3 не повеќе. Момент е. Боли, повредува, не е секогаш лесно НО од нас зависи колку долго ќе не тишти. За што и да е – Правото прашање е – А сега што?! ПРЕСТАНИ ДА КУКАШ – НАЈДИ РЕШЕНИЕ! Што и да се случи. Еве прост пример – Имаш тест утре, не си научил. Ако се нервираш цела вечер ќе промениш ли нешто? Ќе бидеш понервозен и нема да направиш ништо сигурно.
СЕ ШТО МОЖЕШ СО НЕРВОЗА, МОЖЕШ И СМИРЕНО. Само што кога си нервозен постои опасност од физички и психички заболувања, опасност да направиш поголеми грешки зошто не размислуваш со ладна глава. И негативна емоција да собереш во себе која те гние од внатре. Изборот е твој.