ПОЛНЕТА ПЛЕТЕНКА – Вкусен десерт за кој многумина зборат

Состојки:
ТЕСТО (ЗА 15 ПАРЧИЊА):




500 гр. брашно
20 гр. свеж квасец
50 гр. шеќер
50 гр. омекнат путер (или маргарин)
2 јајца
1/2 лажичка сол
3 дл. млеко.




ЗА ФИЛ:
3-4 лажици џем од кајсија (погуст).
30 гр. суво грозје
30 гр. сецкани бадеми (може да се и мелени)




Подготовка
Просејте го брашното, додадете го активниот квасец во средината, малку млеко и оставете да отстои 15 минути. Измешајте го квасецот со растопениот путер, јајцата, солта и брашното. Замесете тесто кое не е лепливо, но не е премногу тврдо и оставете го покриено 30 минути.
Расукајте го во правоаголник околу 40×50 и дебелина од 1 cm.




Лесно обележете 3 подеднакво широки ленти (лесно со нож). Бадемите измешајте го со џем, суво грозје и така покријте ја средната кора или по ред наредете го џемот, па остатокот. Намачкајте со тенок слој путер по левата и десната страна. Надворешните ленти (лево и десно) исечете ги дијагонално до фил со дебелина од 2 cm. Плетете со ленти лево-десно над филот, до крај.




Затворете ги малку краевите за да не излезе филот, а готовиот производ ставете го во плех на хартија.
Оставете го покриено 20 мин., а за тоа време загрејте ја рерната на 200 c.Се пече на 200 степени околу 40 минути. Шеќерот се вари со вода и со него се премачкува плетенката 10 минути пред крајот на печењето, се наросува со сечканите бадеми и се враќа во рерна уште 10 минути и се лади.