Полнети модри патлиџани со јагнешко и ореви

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
3 големи модри патлиџани
1 главица сито сечкан кромид




5 чешниња ситно сечкан лук
450 гр. мелено јагнешко месо
150 гр. сечкани ореви
сок од 2 калинки




60 мл. маслиново масло
2 гранчиња свеж магдонос
½ лажичка кумин
½ лажичка куркума
½ бибер
½ сол




Во мал сад на оган ставете го сокот од калинка да проврие, па намалете ја температурата и оставете течноста да се редуцира на тивко. Кога сокот ќе се згусне и ќе се направи како сируп, тргнете го садот од оган и оставете го на страна. Вклучете ја рерната на 190°C да се загрее па исечете ги модрите патлиџани на половина по должина. На секое парче одстранете му ја внатрешноста за да формирате вдлабнатина и премачкајте го со маслиново масло. Наредете ги на плех обложен со хартија за печење со вдлабнатиот дел нагоре. Посолете и побиберете па ставете ги да се печат 30 – 35 минути односно додека омекнат.




Во меѓувреме припремете го полнењето. Во тава на оган со средна температура ставете 2 лажици маслиново масло да се загрее и на него ставете го да се пржи кромидот. Кога кромидот ќе стане стаклест додадете го и лукот и пржете уште 2 минути. Во кромидот ставете го меленото месо да се пржи додека добие златно кафеава боја. Потоа додадете ги оревите, посолете и побиберете и зачинете со кумин и куркума. Промешајте за да се соединат состојките.
На крајот додадете го сирупот од калинка и гответе го месото уште 5 минути па со него наполнете ги бротчињата од модри патлиџани. Послужете со листови магдонос.