Полнети палачинки Жешка чоколадна сензација готова за 10 минути

Сакате ли брзо да ги надополните пропуштените калории или пак очајнички ви се јаде нешто благо – пробајте чоколадо во смеса за палачинки.

Подготовката не бара посебни кулинарски способности. Потребно е да направите вообичаена смеса за палачинки, само малку погуста. Доколку сакате смесата да биде покомпактна, тогаш во неа може да додадете и прашок за печиво, а за арома и малку рум, ванилин шеќер и изрендана кора од лимон.

Парчињата чоколадо изберете ги според вкусот, а пред да ги подготвувате палачинките ставете ги во замрзнувач еден час.

Состојки:
– 1 јајце;
– 200 милилитри млеко;
– 200 милилитри минерална вода;
– 8 лажици брашно;
– прстофат сол;
– чоколадо по избор (Сникерс, Баунти, Марс)
– масло за јадење.

Подготовка:
Изматете ги јајцата, па додадете млеко во смесата. Во посебен сад измешајте го брашното и солта, па постапно додавајте го млекото и јајцата додека не добиете смеса за палачинки.

Загрејте го маслото за јадење во тенџере или подлабока тава на 175 степени Целзиусови. Потопете го чоколадото во смесата, па пржете околу две-три минути. Внимателно извадете ги палачинките од тавата и оставете ги да се цедат на кујнска хартија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *