Полнети солени палачинки: Брз и едноставен рецепт кој ќе ги задоволи сите сетила

За припрема на овој рецепт не ви е потребно многу време, но ни пари. Полнетите солени палачинки се многу вкусни, а еве како да ги припремите.

За припрема на тестото е потребно:
300 мл. млеко
2 јајца
100 гр. брашно
масло за пржење
малку сол

За фил:
100 гр. сирење
100 гр. шунка
1 лажичка павлака

За прелив:
1 јајце
1 лажичка кисела павлака
малку млеко
малку кашкавал
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата, додадете малку сол, млекото, брашното и малку масло и потоа добро промешајте. Пржете ги палачинките во тефлонска тава. Во сад, измешајте го сирењето, шунката и павлаката.

Со вака подготвениот фил наполнете ги палачинките, свиткајте ги и наредете ги во тепсија, претходно премачкана со масло или обложена со хартија. Изматете го јајцето со павлаката и млекото и прелијте ги палачинките, а врз нив наредете малку рендан кашкавал.

Печете на 200 Целзиусови степени околу 30 минути, додека палачинките не добијат златножолта боја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *