Помагаат во намалување на лошиот холестерол, го чуваат здравјето на очите, но еве што препорачуваат докторите

Познати како наш природен додаток на витамин Ц, мандарините се неизоставно овошје во текот на есенскиот период.




Тие исклучително освежуваат и придонесуваат за здравјето на организмот, но колку мандарини дневно се доволно?




Здравото ниво на витамин Ц во телото игра витална улога во производството на колаген, поради кој нашата кожа го зачувува младешкиот изглед. Исто така се покажало дека витаминот Ц може да спречи и лекува оштетувања на кожата предизвикани од изложување на сонце.




Уште една предност на високата содржина на витаминот Ц во мандарините е поддршката на здравјето на очите со одложување на појава на катаракта и макуларна дегенерација. Постојат докази дека витаминот Ц и другите нутритивни антиоксиданти помагаат очите што подолго да го задржат своето здравје.




Мандарините содржат умерена количина на витамин А. Околу 100 грама мандарини обезбедуваат приближно 14 отсто од дневниот внес на овој витамин.
Експертите препорачуваат 5 порции овошје дневно, а мандарините се одличен начин да се постигне оваа цел – една мандарина е отприлика еднаква на една порција овошје. Со тоа, пет мандарини дневно ги задоволуваат нутритивните потреби. Но како и во сè, па и во консумирањето на ова овошје не треба да се претерува, поради количината на шеќери, но и лимонската киселина и витаминот Ц кои предизвикуваат почесто одење во тоалет.




Мандарините помагаат во борбата против лошиот холестерол, а со оглед на тоа што се богати со диететски влакна и позитивно влијаат на дигестијата, помагаат и во одржување на добрата линија.