Посни колачиња со тиква

Потребни состојки:

– 250 гр маргарин
– 1 лажица мед
– 1 чаша (200 мл) шеќер
– 150 гр сецкани ореви

– 100 гр суво грозје
– 1 пециво
– 600 гр брашно
– 1 чаша пасирана печена тиква

Подготовка:
Најпрво изматете го маргаринот со шеќерот и медот. Додадете ги другите состојки и измесете убаво да се соедини. Од тестото извадете топчиња, малку сплескајте ги и редете ги во плех обложен со хартија за печење.

Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 15 минути. Кога се печени и изладени, по желба може да се посипат со шеќер во прав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *