ПОСТЕЛНАТА ЌЕ МИРИСИ СО ДЕНОВИ: Само измешајте ги овие 3 состојки, секоја вечер ќе мириса како свежо измиено

Не постои чувство како магичниот момент кога се лизгате во свежа и миризлива постелнина. Може да биде мирисот на вашиот детергент за перење или омекнувач – но за жал често испарува по првата ноќ. Ви пренесуваме едноставен трик со кој постелнината ќе биде подолга свежа, дури и за неколку дена. Секоја вечер ќе имате чувство дека се втурнувате во царството на хармоничните мириси, ќе се опуштите и ќе запловите во морето на соништата.




Како да направите природен освежувач за вашиот дом: мирис кој ја штити куќата
Направете свој едноставен спреј за постелнина. Користете природни есенцијални масла за да направите прекрасен спреј за прскање на перници и чаршафи. Во зависност од тоа кој мирис го преферирате – од мирис на море, цитрус, до борови и ливадски цвеќиња – вашиот кревет ќе мириса прекрасно свежо. Потребно ви е шише со спреј, есенцијално масло по избор (ако сакате посилен мирис ставете 30 капки, а ако сакате поблаг мирис, тогаш 20 капки), 100 мл медицински алкохол и 300 мл дестилирана вода.




Прво измешајте дестилирана вода и алкохол, а потоа додадете етерично масло. Потоа добро измешајте ги сите состојки и истурете ги во шише со распрскувач.
Природни антибиотици: 4 есенцијални масла кои лекуваат воспаление




Препорачуваме комбинација од есенцијални масла од лаванда и сандалово дрво, кои често се користат во практиките за медитација. Исто така, комбинацијата од камилица и цвет од липа помага да се опуштите побрзо и да го ослободите вашиот ум од негативни мисли.




Испрскајте ја постелнината и ќе мириса како штотуку да сте ја извадиле од машината за перење. Овој ритуал не е замена за класичното перење постелнина, туку само трик кој на вашата чиста постелнина може да и даде дополнителен мирис и да ви даде чувство на мир.