Предлог Ручек: Домати полнети со мелено месо и кашкавал

Потребни состојки:
4-6 зрели свежи домати
300 гр мелено говедско месо

150 гр рендан кашкавал може да се замени со моцарела
1 кромид
сол и бибер
масло
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени.
Измијте ги доматите, исечете го горниот дел и извадете ја меката внатрешност со лажица.
Во тава испржете го ситно исечканиот кромид на малку масло додека не омекне.
Додајте ги меленото говедско месо, сол и бибер и други зачини по желба. Пржете сè заедно додека
месото не добие златно-кафеава боја.

Додајте ги остатоците од доматите исечкани на коцки и измешајте сè добро.
Ставете го подготвеното месо во доматите, па одозгора покријте со рендан кашкавал.
Премачкајте ги доматите со малку масло.
Ставете ги доматите во загреана рерна да се печат 10-15 минути, додека не омекнат и кашкавалот не се
стопи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *