ПРЕКРАСЕН ТРИК НА БРЕНА КОЈ НЕВЕРОЈАТНО ТОПИ КИЛОГРАМИ: Секогаш кога сака брзо да ослабе, таа тврди дека само тоа го користи

Сите се прашуваат која е тајната на убавиот изглед на убавата Брена, а сега таа откри како изгледа нејзиното мени!

Убавата Брена и на 62 години плени со својот изглед и убавина! Освен тоа, има толку многу енергија што на секој концерт постојано ги свири своите најголеми хитови. Сепак, таа не би имала толку витка линија доколку не е дисциплинирана кога е во прашање јадењето, но има и еден трик кога сака да ослабне.

-Наутро редовно пијам чаша млака вода со неколку капки лимон. Потоа следи лесен оброк, најчесто смути. Се верува дека водата со лимон прави чуда во раните утрински часови – го зајакнува имунитетот, ја стимулира активноста на мозокот, го подобрува варењето – вели една од нашите најголеми музички ѕвезди, која секогаш е искрена со својата публика.

Брена нагласува и дека освен кефир избегнува млеко и млечни производи, а леб речиси и не јаде.

– Најмногу сакам салати со аншоа и зеленчук, со додаток на брусница, мелени ореви, морска сол, добро маслиново масло и многу сок од лимон – го открива своето мени пејачката.

Уколуко сака да симне неколку килограми, многу е дисциплинирана и не јаде после 17 часот.

– Кога сакам да ослабам неколку килограми, исклучувам шеќер, односно колачи, алкохол, јаглехидрати и јадам само органско овошје и зеленчук, сето тоа пред 17 часот. Мислам дека не е строгост кон сопственото тело, туку дисциплина. Некои би рекле дека тоа е пост, кој е застапен во секоја религија, а јас го нарекувам детоксикација, заклучи Лепа Брена која со години ја одржува својата идеална тежина, а доказ за тоа се сликите во галеријата подолу:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *